Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година

12.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година

Принцот Калид бин Бандар Ал Сауд рече дека навивачите кои планираат да ја посетат Саудиска Арабија во тоа време ќе мора да се помират со фактот дека ќе присуствуваат на Светско првенство без алкохол.

-Човек може да се забавува без да пие алкохол. Тоа не е неопходност. Ако сакате да пиете откако ќе ја напуштите земјата, можете слободно да го правите тоа, но во овој момент не го дозволуваме тоа“, рече амбасадорот на Саудиска Арабија, додавајќи: „Секој има своја култура, со задоволство ќе го пречекаме секој што сака, но нема да ги менуваме нашите начини на живот за некој друг“.

Слична ситуација имаше и во Катар во 2022 година, каде на неколку дена пред почетокот на турнирот беше поништена одлуката на ФИФА да продава алкохол во близина на стадионот. Меѓутоа, во одредени делови од градот имаше места каде што можеше да купиш и да конзумираш алкохол. Ова нема да биде случај во Саудиска Арабија, бидејќи нема да има локација за купување алкохолни пијалоци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата