9- годишно момче запре комбе во движење и спречи несреќа (ВИДЕО)

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
9- годишно момче запре комбе во движење и спречи несреќа (ВИДЕО)

Во преден план е деветгодишниот Камерон Хантер, кој си играл пред својата куќа кога сфатил дека по улицата се спушта комбе без возач.

Малото момче не размислувало многу, скокнало пред возилото (тешко три тона), ги ставило рацете на хаубата и се обидело со сите сили да го спречи. Она што се случи потоа ги воодушеви луѓето на Островот, но и ширум светот.

Наместо да повика помош, ученикот застанал пред белото комбе во обид да го спречи. Доколку не го стори тоа, комбето ќе добиеше поголемо забрзување, а потоа ќе удрише во паркирани возила, пренесува The Sun.

За време на драматичниот настан во куќата била и неговата мајка Линдзи Хантер, која признава дека на почетокот му била лута на синот, бидејќи можел да се повреди или да загине. Откако го погледнала видеото, била изненадена од силата на момчето, но и горда на него.

Камерон сега е познат како „супер херој“ на улицата, а корисниците на социјалните мрежи кои го погледнале видеото го фалат дека „го спасил денот“. Од друга страна, момчето признава дека во тој момент се исплашило и дека му се треселе рацете.

„Разбрав што ќе се случи и се обидов да помогнам. Сè можеше да се случи. Бев загрижен, па се упатив кон комбето. Луѓето велат дека сум бестрашен, но бев прилично исплашен. Не мислев дека ќе можам да го спречам“, рече тој.

Сопствениците на комбето, Мет Шарплс и Хелен Ривли, откриваат дека го купиле една недела порано и се верува дека дефектот на сопирачката предизвикал губење контрола. Тие биле благодарни што Камерон спречил голем инцидент и му подарија наметка за суперхерој и ваучер за игри од 50 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата