Цените на бензините РАСТАТ, еве како е во остатокот од Европа

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на бензините РАСТАТ, еве како е во остатокот од Европа

Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучува за новите цени на горивата. Инаку, во моментов во Македонија дизелот се продава за 86 денари по литар, додека бензинот 95 за 90 денари, а бензинот 98 за 92,5 денари. Со оглед на тоа дека цените на светскиот пазар на црното злато дивеат, малку веројатно е дека нема да има промени на сегашните цени.

На подолги патувања со автомобил во овој период од годината, патниците можат да заштедат пари со внимателно испланирани запирања за точење гориво.

Максималната малопродажна цена на дизелот во Србија оваа недела изнесува 211 динари за литар, додека цената на бензинот е 192 динари. Во Хрватска цената на литар бензин е 1,58 евра, а на дизел 1,55 евра за литар.

Според податоците на Европската комисија, најевтино гориво имаат Полска, Чешка, Словенија и Словачка. Во Полска цената на бензинот за литар е 1,39 евра, а на дизелот 1,36 евра за литар. Цената на бензинот во Чешка е 1,63 евра, а на дизелот 1,57 евра, пишува Вечерњи лист.

Во Словачка литар бензин чини 1,69 евра, а дизел 1,65 евра. Цената на литар бензин во Словенија е 1,57 евра, а дизелот 1,61 евро. Според овие податоци, горивото е само поевтино во Полска отколку во Хрватска во споредба со остатокот од Европа.

Највисоки цени на горивата има во Холандија, Франција и Данска. Во Холандија литар бензин чини 2,11 евра, а дизелот 1,89 евра. Литар бензин во Франција чини 1,96 евра, а дизел 1,88 евра. Цената на литар бензин во Данска е 2,06 евра, додека на дизелот 1,85 евра. Цената на бензинот во Швајцарија е 2,02 евра, а на дизелот 2,11 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата