Промотивно во НЛБ Банка, депозити со атрактивни каматни стапки

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Промотивно во НЛБ Банка, депозити со атрактивни каматни стапки

Од 15 септември, НЛБ Банка воведе нова, конкурентна промотивна понуда за депозити со атрактивни каматни стапки, дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства.

Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е со важност до крајот на месец октомври и нуди СУПЕР депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа: за депозити во денари – каматни стапки до 3,5%, и за депозити во евра –  каматни стапки до 2,5%, со рок на орочување до 36 месеци.

Со оваа промотивна понуда, НЛБ Банка им овозможува на клиентите да ги остварат своите финансиски аспирации, нудејќи им конкурентни каматни стапки и сигурност на нивните влогови.

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Клиентите можат да ја посетат која било експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја избератвистинската опција за депозит.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката, на линкот: СУПЕР ДЕПОЗИТИ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата