Се верува дека до
2030 година дури 30 отсто од работните места би можеле да бидат заменети со
софтвер или роботи со вештачка интелигенција, а оваа прогноза се очекува
најмногу да ги загрижи вработените. Голем број различни индустрии и позиции во
нив се „под напад“, а познатиот експерт за вештачка интелигенција, Марк
Миневич, ги предвиде петте „најранливи“.
Овие пет
позиции најверојатно ќе бидат заменети со вештачка интелигенција
Инвестирањето во
автоматизација на процесите и подобрувањето на деловните методи несомнено со
себе носи промени во структурата на работните места, особено во случаи кога
перформансите на софтверот за вештачка интелигенција или роботите се на завидно
високо ниво. Засега, се разбира, не може со 100% сигурност да се тврди дека
вештачката интелигенција ќе ја замени оваа или онаа професија, но шансите да се
случи такво нешто кога се во прашање овие пет се многу големи.
„Работните места
за кои верувам дека се изложени на ризик да бидат заменети со вештачка
интелигенција во наредните години се касиери, телемаркетинг, возачи на камиони,
сметководители, книговодители и радиолози“, објасни експертот.
За секоја
професија, Миневич има објаснување: касиерите се во категоријата „најранливи“
од едноставна причина што сè повеќе продавници инвестираат во онлајн бизнис и
ја автоматизираат обработката, подготовката и транспортот на пратките, додека
телемаркетите се „на back burner“ веќе некое време, бидејќи ботовите од ден на
ден стануваат се покомуникативни и напредни. Возачите на камиони сигурно
наскоро ќе бидат заменети со „паметни“ камиони кои ќе се вози со автопилот,
додека сметководствениот софтвер наскоро ќе има свои алгоритми кои ќе преземат
најголем дел од работата.
Она што привлече
можеби најголемо внимание е тврдењето дека вештачката интелигенција наскоро би
можела да ги замени дури и тесно специјализираните медицински работници како
што се радиолози, меѓутоа, експертот го објасни тоа со унапредување на
технологии и алгоритми базирани на машинско учење. На крајот на краиштата, ако
се потсетиме на фактот дека вештачката интелигенција открива повеќе случаи на
рак отколку лекарите, сите дилеми исчезнуваат.
Кои се
најбезбедните работни места кои тешко ќе се заменат со вештачка интелигенција?
За среќа, има и
оние работни места кои ни вештачката интелигенција, колку и да напредува во
следните неколку години, нема да може да ги замени. Овде, пак, не се наведени
специфичните занимања, туку најважните карактеристики на оние кои се занимаваат
со нив. Миневич е на мислење дека вештачката интелигенција нема да може да ги
„украде“ работните места кои бараат типично човечки особини, пренесува RT
Balkan.
„Клучно е луѓето
да се фокусираат на развивање на нивните природни способности – креативност,
емоционална интелигенција, флексибилност и стратешко размислување“, вели
експертот.