Дигиталната платформа за посредување при изнајмување сместувачки капацитети Booking.com се договори со италијанските даночни власти за да се заврши долгогодишниот спор за даночен долг од 153 милиони евра.
Холандската компанија се согласи да плати 94 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) и со тоа спорот заврши, соопштија од италијанското државно обвинителство.
Многу изнајмувачи рекламираат сместување на платформата Booking.com, без да ја пријават активноста на даночните власти, кои нагласуваат дека данокот мора да го наплати дигиталната платформа.
Спорот ја опфаќа киријата на Booking.com од 2013 до 2019 година и проценетиот даночен долг на компанијата од 153 милиони евра.
Booking.com соопшти дека е задоволен од спогодбата.
Италијанските даночни власти исто така истражуваат можно даночно затајување на дигиталната платформа Airbnb.
Минатата недела, како дел од истрагата, италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Airbnb и нејзините тројца поранешни функционери.
Државните обвинители се сомневаат дека во периодот од 2917 до 2021 година, Airbnb не наплаќала данок од 21 отсто на изнајмувачите и ги враќала сумите на италијанските даночни власти.
Erбнб се обиде да го оспори италијанскиот закон за даноците за изнајмување пред Европскиот суд на правдата, кој пресуди во корист на владата во Рим.
Владата на премиерkata Џорџија Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување на недвижности и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за изнајмувачите кои нудат повеќе имоти на пазарот.