Зоран Милановиќ е резибран за претседател на Хрватска

13.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зоран Милановиќ е резибран за претседател на Хрватска

Неполни 75, наспрема 25-те проценти за кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац е епилогот од изборите, кои долго ќе се анализираат. Милановиќ порача дека ѝ подава рака на владата, но и дека резултатот е јасен сигнал не до него како победник, туку до премиерот Пленковиќ.

-Освен тоа, ова е порака, плебисцитарна порака на хрватскиот политички народ до оние кои треба да ја слушнат, а ја ги молам да ја чујат. Владата е најодоговорна во оваа држава и ја молам владата тоа да го слушне, тоа граѓаните ѝ го порачаа. Ова не е поддршка за мене. Да не се лажеме, никој нема поддршка од 75% од избирачите. Тоа е само во овој момент и само денеска. , изјави Зоран Милановиќ, претседател на Хрватска.

Угледниот научник и професор, Приморац го призна поразот, но не му честиташе на Милановиќ. Рече дека останува да ја бие битката за подобра Хрватска, но преку науката и меѓународната соработка.

-Зоран Милановиќ и мене не делат потполно различни духовни, морални и стручни вредности. Граѓаните ја донесоа одлуката по демократски пат и како таква треба да се почитува., изјави Драган Приморац, кандидат за претседател на ХДЗ

Ниту премиерот и лидер на ХДЗ, Пленковиќ не му ја честиташе победата на долгогодишниот политички соперник. Не гледа одговорност кај себе за поразот, ниту смета дека изборот на Приморац бил погрешен, но признава дека вчерашниот резултат е повик за будење.

-Ја примивме пораката од резултатите на овие избори. Ова се трети избори во изминатата една година.  Дали ќе му честитате? Па, видете, не можев од толку честитки на Милановиќ и неговите партнери и јатаци да издржам, ниту во 2026, ниту 2020, ниту во 2024 година и не помнам дали сте ги прашале дали ни честитале. , вели Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

За аналитичарите, победата на Милановиќ е силен политички удар за ХДЗ, но во пракса нема суштински ништо да смени, освен дополнително да ја интензивира и без тоа тврдата кохабитација со Пленковиќ, која го одбележа и неговиот досегашан мандат.

-Оваа кавгаџиска политика и оваа нетолеранција и нетрпеливост всушност зборува и за еден облик на плурализам. Колку и да се двајцата со своите погледи блиски, доволно се различни за вие во земјата навистина не чувствувате никаков монопол. , изјави за „Ал Џезира Балканс“, Бошко Пицула, професор по правни науки во Загреб.

Ако е некаква утеха за владеачката ХДЗ, е победата на Приморац во дијаспората, каде освои двојно повеќе гласови од Милановиќ, 14 наспрема седум илјади. Хрватските избирачи во Македонија, сепак му дадоа поголема поддршка на актуелниот претседател. 60 гласа за Милановиќ, а 26 за Приморац.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата