Заврши петнаесет часовната блокада во Крагуевац

16.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши петнаесет часовната блокада во Крагуевац

Најфрекфентниот булевар на овој по четврт по големина град во Србија беше блокиран од 9 часот наутро на вчера... Граѓаните беа повикани на протест од студентите кои веќе два и пол месеци блокираат повеќе од 60 факултети низ србија, барајќи кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад.

Протестот се одржа на денот на српската државност. Во истиот ден партиски митинг одржа и владејачката Српска напредна партија во Сремска Митровица, околу 180 километри северно од Крагуевац.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање на митингот изјави дека во Србија е во тек обид за „Обоена револуција“ и ги повика студентите да ги прекинат блокадите и да се вратат на предавањата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата