Српскиот
претседател Александар Вучиќ изјави денес дека Србија и светот се пред
најтешката година во поновата историја, година која носи конфликти и немири,
поради што најважна задача на Србија е да го зачува мирот, јави дописникот на
МИА од Белград.
На одбележувањето
на 182-годишнината од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), Вучиќ
напомена дека следната година на планетата и претстојат бројни избори, од
Тајван и САД, до Русија и Украина и дека стравува дека 2024 година ќе биде
потешка за целиот свет и за Србите.
Мислам и за
загрозеност за жителите на Косово и Република Српска и воопшто во регионот.
Затоа мислам дека е важно секој ден да доаѓаме до заеднички именител како да ја
зачуваме нашата слобода, земјата и иднината, рече Вучиќ.
Тој зборуваше за
важноста на компромисот, кој ќе обезбеди „државата да не се откаже од својата
територија или од својот народ“, нагласувајќи дека е неопходно да се чекаат
„поповолни можности во светот за вистината да излезе на виделина“.
Меѓу другото, тој
рече дека политичарите се менлива работа и да Српската академија на науките и
уметностите, СПЦ и државата Србија се над се.