Вучиќ: Пред нас е најтешка година

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Пред нас е најтешка година

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека Србија и светот се пред најтешката година во поновата историја, година која носи конфликти и немири, поради што најважна задача на Србија е да го зачува мирот, јави дописникот на МИА од Белград.

На одбележувањето на 182-годишнината од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), Вучиќ напомена дека следната година на планетата и претстојат бројни избори, од Тајван и САД, до Русија и Украина и дека стравува дека 2024 година ќе биде потешка за целиот свет и за Србите.

-Мислам и за загрозеност за жителите на Косово и Република Српска и воопшто во регионот. Затоа мислам дека е важно секој ден да доаѓаме до заеднички именител како да ја зачуваме нашата слобода, земјата и иднината, рече Вучиќ.

Тој зборуваше за важноста на компромисот, кој ќе обезбеди „државата да не се откаже од својата територија или од својот народ“, нагласувајќи дека е неопходно да се чекаат „поповолни можности во светот за вистината да излезе на виделина“.

Меѓу другото, тој рече дека политичарите се менлива работа и да Српската академија на науките и уметностите, СПЦ и државата Србија се над се.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата