Вучиќ за средбата со Мелони: Никој не го спомна ниту зборот НАТО, остануваме воено неутрални

6.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ за средбата со Мелони: Никој не го спомна ниту зборот НАТО, остануваме воено неутрални

Во врска со медиумските наводи дека влезот на Србија во НАТО бил една од темите на вчерашната средба меѓу Вучиќ и Мелони во Белград, претседателот на Србија рече дека „никој дури ни не го споменал тој збор“.

„Никој не го спомена зборот НАТО. Ниту (францускиот претседател Емануел) Макрон (во телефонски разговор на 3 август), ниту Мелони. Ние не го кажавме зборот НАТО“, изјави Вучиќ за телевизијата Прва.

Тој додаде дека кризата во Босна и Херцеговина станува „фокус на неизвесност“ и дека Србија ќе стори сè за да го зачува мирот и стабилноста.

Во врска со денешната одлука на Централната изборна комисија на БиХ да го одземе мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, бидејќи е осуден, Вучиќ изјави дека Србија „мора да застане покрај својот народ и Република Српска“.

„Ќе направиме сè што можеме за да го зачуваме мирот и стабилноста, се надевам дека ќе најдеме излез од тешката криза во која се наоѓа цела Босна и Херцеговина. Некој помисли дека може да го уништи легитимитетот што некој го доби од народот, што е секогаш погрешно. Моето барање до сите е: само мирно, рационално, без никаква ескалација“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата