Вучиќ: Србија е на удар затоа што економски тргна напред

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Србија е на удар затоа што економски тргна напред

Претседателот на Србија и член на Претседателството на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија е на удар на многумина кои сакаат да ја урнат затоа што економски тргна напред и нагласи дека српската економија годинава требало да биде најбрзо растечка во Европа, но дека земјата ја уништиле, како што истакна, блокадери и различни политички измамници.

На седницата на Главниот одбор на СНС, Вучиќ рече дека СНС застана на браникот на татковината и дека е единствената партија која три месеци им се спротивставила на блокадите, малтретирањето на граѓаните и малтретирањето на тие што мислат поинаку, пленумците и кризните штабови.

Тој изјави дека има неколку причини поради кои Србија е цел, но дека има три главни причини.

„Првата е дека уште од Берлинскиот конгрес, најмалку две европски сили, па дури и три, не можат да дозволат Србија да биде посилна од нејзиното опкружување, тие не можат да дозволат српскиот народ да биде посилен. Погледнете ги тие чудни сојузи меѓу Турците и Англичаните, кои отсекогаш траеле, па германското однесување и доминација, погледнете многу други работи што тие ги направиле, и секогаш како и да се свртите и што и да се случи ќе ги видите истите работи, рече Вучиќ и нагласи дека причина за тоа е што Србија економски напредува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата