Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции против Нафтената индустрија на Србија

13.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции против Нафтената индустрија на Србија

„Соединетите Американски Држави ќе воведат целосни санкции против нафтената индустрија на Србија за неколку дена поради руската сопственост“, изјави Вучиќ за српските медиуми.

Вучиќ, посочил дека санкциите дополнително ќе ги комплицираат односите со Русија, нагласувајќи дека Србија мора внимателно да ги разгледа следните чекори, пренесе Телеграф.

„Ова ни отвора проблеми со нашите руски пријатели, од политички до економски. Која е целта? Да се ​​воведат санкции кон Русија? Тоа е нереално. Треба да видиме што ќе биде конкретно наведено, колку време ќе ни остане и што ќе се подразбира под тие санкции, на пример, дали е можно да се намали руската сопственост под 50 отсто.“

Тој додаде дека Србија очекува преговори и за гасниот аранжман и оти ги постигнале сите потребни договори за оваа зима.

„Ова е геополитичка одлука која се донесува долго време и не е ненадејна. Знаевме дека Европа размислуваше за санкции повеќе од две години, но не и дека САД подготвуваа таков потег. Затоа инсистиравме за изградба на нафтовод до Унгарија, за да имаме алтернатива .Ќе најдеме решение, но мора да разговараме и со Американците и со Русите“, рече Вучиќ.

На прашањето дали со новите власти во САД ќе биде поинаку, Вучиќ праша кој ни го гарантира тоа.

„Што ќе правиме ако кажат дека одлуката важи од 1 јануари како што добив информација. Мора да ни остават одреден рок. Дали тој рок е 10 дена, 15 дена, месец, два, три или шест. Немам поим, но не знам дали ќе се смени или не. Но никој од нас не може да си игра.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата