Коментирајќи ги протестите во Белград тој изјави дека државата има сила да го обезбеди мирот и законот.
Тој вели дека полицијата дејствувала исклучително професионално во текот на претходната ноќ со минимална употреба на сила. Коментирајќи ја изјавата на Лавров дека овојпат нема да има обиди за т.н. обоени револуции, тој изразил благодарност за нивното внимание за разбираењто и мудрата проценка што се случува во Србија.
Српскиот претседател учествуваше на конференцијата на ОН, а имал средба и со шпанскиот премиер Педро Санчез, на кого му се заблагодарил за поддршката за територијалниот интегритет на Србија.