Вучиќ најави референдум за негово разрешување: „Мислам дека тоа би било фер“

14.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ најави референдум за негово разрешување: „Мислам дека тоа би било фер“

 Тој ова го соопшти на својот инстаграм профил,откако Центарот за истражување, транспарентност и одговорност „ЦРТА“, објави дека мнозинството граѓани биле за смена на претседателот. Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница, ниту за политичките партии во србија, од таа невладина организација.. Ако овие наводи на „црта“ се точни, тогаш е невозможно да опстанам на местото претседател на србија, и затоа потребно е партиите од опозицијата да предадат само 67 потписи, а ги имаат преку 80, за одржување на советодавен референдум за претседателот на србија, напиша Вучиќ на Инстаграм.

 Во меѓувреме, претседателката на собранието, Ана Брнабиќ соопшти дека утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците на владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на Вучиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата