Вучиќ рече дека со синот на претседателот Трамп разговарал за билатералните односи меѓу Србија и САД, со акцент на економијата, објави Индекс.
Тој, исто така, ја искористи приликата да му го покаже на Трамп Џуниор, како што рече, „најубавото шеталиште“ (Белград на вода) од терасата на зградата на Претседателството.
„Таму е најубавото шеталиште“, рече Вучиќ покажувајќи кон Белград на водата.
„Тоа не личи на комунистичката архитектура на која сме навикнати во Источна Европа“, одговори синот на Трамп.
„Да, точно“, рече Вучиќ.
Потоа се сврте на другата страна.
„Тоа се луѓето кои би сакале да го запрат тој напредок“, рече тој, покажувајќи кон собраните околу зградата на Претседателството.