Вучиќ му испрати честитка на Путин

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ му испрати честитка на Путин

Ви ја пренесуваме честитката на претседателот на Србија во целост:

„Ваша екселенцијо, господине претседателе,

Во име на граѓаните на Република Србија и во мое лично име, ви го честитам националниот празник - Денот на Русија, уверен дека пријателските односи меѓу нашите две земји, како и нашата сеопфатна соработка, ќе продолжат успешно да се развиваат во заеднички интерес и за заедничка корист. Верувам дека нашата неодамнешна средба во Москва, преку отворен и суштински разговор, даде значаен придонес за ова. Ја користам оваа можност уште еднаш да ја изразам мојата благодарност до Руската Федерација и до вас лично, господине претседателе, за вашата принципиелна поддршка за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Србија, како прашање од витално значење за нашите државни и национални интереси. Ве молам, Ваша екселенција, прифатете ги изразите на мојата посебна благодарност., напиша Вучиќ

Денот на Русија се слави во Русија на 12 јуни. По тој повод, многу странски претставници упатија честитки до претседателот на Русија, Владимир Путин, до државното раководство и до народот на земјата, објави Курир.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата