„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска“, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на Вучиќ.
Милановиќ, актуелен претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија, во вториот круг од претседателските избори, вчера го победи Драган Приморац, кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) со 74,69 наспроти 25,31 отсто од гласовите.