Вучиќ сподели дека за мандатар е одбран проф. д-р Ѓура Макута.
„Донесувам одлука за предлог на кандидат за претседател на Владата на Република Србија. Точка 1. На Народното собрание на Република Србија му го предлагам за кандидат за претседател на Владата на Република Србија професор д-р Ѓуро Мацут. Точка 2. Доставете ја одлуката до Народното собрание на Република Србија. Точка 3. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на Републичкиот весник на Србија. Сметам дека професорот д-р Ѓуро Макут поседува професионални и лични квалитети, посветеност и експертиза за извршување на функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на влада. Новиот премиер на Република Србија ќе продолжи да спроведува програми насочени кон подигање на животниот стандард на сите граѓани, проекти во областа на здравството, образованието, науката и технологијата, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат, притоа зачувувајќи и дополнително унапредувајќи ги традиционално добрите односи и соработка со пријателските земји во светот. Пред премиерот е задача да ја реализира специјализираната светска изложба ЕКСПО 27 Белград, која во голема мера ќе ја претставува инвестициската основа во мандатот на новата влада“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател вечерва го предложи за мандатар на нова влада - Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог, јави дописникот на МИА од Белград.
Мацут дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор.
Премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, по напад врз студенти во Нови Сад. Српскиот Парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што падна актуелната влада на Србија.
Српската напредна партија (СНС) претходно објави дека имаат двајца конкурентски кандидати за функцијата мандатар.
Рокот за избор на нова влада е 18 април.
Вучиќ вечерва изјави дека ситуацијата во регионот е многу тешка, особено политичката ситуација во Република Српска и БиХ и изрази загриженост дека каква било одлука за обид за апсење на Милорад Додик ќе биде катастрофална за целиот регион и за Србија.
Тој во обраќањето во Палатата Србија рече дека затоа е неопходно да се зачува мирот и да не се преземаат избрзани мерки.
Вучиќ нагласи дека се надева дека во следниот месец ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за воведените царини и да се најде решение за нивно намалување на најниско можно ниво. Тој додаде дека се преземени мерки за воведените царини од 37 отсто и дека за тоа разговара со претставници на САД.