Ден по неговото назначување, изјава или обраќање пред медиумите нема. Наместо тоа, Мацут кој има рок од една недела да го предложи составот на владата, за српските медиуми кусо порачал дека нема да ги открие неговите чекори пред поднесување на експозето.
Српскиот претедател Вучиќ во 50 минутното обраќање пред јавноста, покрај предлогот за мандатарот, ги пренесе и очекувањата од него. Појасни дека изборот на Мацут бил, пред се, поради неговите лични и професионални квалитети.
-Сметам дека професорот проф.д-р. Ѓуро Мацут поседува професионални и лични квалитети, посветеност и стручност за извршување на функцијата претседател на владата, а ме увери и дека може да го обезбеди изборот на владата. - Александар Вучиќ – Претседател на Србија.
Српската опозиција пак, во неговиот избор гледа очаен потег на власта и обвинува дека тој бил промовиран за позицијата уште пред неколку недели, кога го посетил кампот на во Пионерскиот парк каде што беа сместени студентите кои тврдеа дека сакаат да учат..
-Се надевам дека наскоро ќе се вратите во факултетските клупи и да продолжите да студирате и да ги спроведувате вашите основни должности како што,--Ѓуро Мацут – Мандатар за состав на влада во Србија.
Изборот за нов мандатар за многумина е изненадувачи, а дел политичките аналитичари во Србија пак, со поделени мислења за составот и работата на српската влада.
-Очигледно (Александар Вучиќ) барал личност која би можела на некаков начин да биде поблиска до народот, да не биде од овие веќе етаблирани политички кругови.-Владимир Вулетиќ - Професор.
-Ние вчера имавме доста чудна ситуација, за премиер е именуван човек за кој и самиот претседател на Србија мораше во еден момент да каже, кој е Ѓуро Мацут? Значи тоа не е ништо повеќе од криза на демократијата во едно општество.Ѓорѓе Трикош – Политички аналитичар.
Српската влада падна по несреќата во Нови Сад каде животот го загубија 16 лица, вклучително и еден македонски државјанин, а премиерот Милош Вучевиќ, по засилените протести поднесе оставка од функцијата на 28 јануари од како што кажа, откако беа нападните студенти во Нови Сад. Оставката беше констатирана дури на 19 март, а рокот за избор на нова српска влада истекува на полноќ на 18 април.