Вооружениот маж кој упадна во бродска компанија во Атина уби три лица и се самоуби

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружениот маж кој упадна во бродска компанија во Атина уби три лица и се самоуби

Убиените, неофицијално се лица од раководството на компанијата.

Мажот кусо пред 10.30 часот по локално време, преку паркингот влегол во објектот, каде што по пукањето се затворил во внатрешноста, а полицијата спроведе акција.

Засега не постојат официјални информации за инцидентот.

Според првичните неофицијални информации сторителот е поранешен вработен на возраст од околу 70 години и неодамна бил отпуштен од работа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата