Во Бугарија слета дрон со експлозив, властите веруваат дека е поврзан со војната во Украина

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Бугарија слета дрон со експлозив, властите веруваат дека е поврзан со војната во Украина

Според бугарските власти дронот со должина околу три метри и имал контејнер со експлозив во него, претходно не бил детектиран од воздушните  сили. Премиерот на Бугарија рече дека ќе ги чека официјалните извештаи за намерите и насоката на беспилотното летало.

„Најверојатно паднал некаде длабоко во морето и потоа бил исфрлен на брегот. Затоа што летал близу до брегот, очигледно ова создава одредени ризици, но прво да ги слушнеме ставовите на експертите.“- Николај Денков, Премиер на Бугарија

Леталото било пронајден синоќата од локален жител, но претставници на војската пристигнале на местото дури утрово. Меѓу време на лице место специјализираниот тим на морнарицата ја неутрализира муницијата пронајдена ноќта кај Тјуленово, додека пак на луѓето кои живеат во околните згради им било посочено да ги почитуваат безбедносните мерки.

Вакви летала тешко се откриваат од стандардните противвоздушни системи, мали се и летаат ниско,изјави министерот за одбрана Тагарев, кој претпостави и дека дронот би можел да има врска со војната во Украина.

„Дефинитивно не е регистриран од радарските станици, како што реков не знаеме кога и како дојде, дали паднал во водата или на друг начин.“- Тодор Тагарев, министер за одбрана

Според дел воените експерти, станува збор за напаѓачки дрон кој може да прелета околу 300 километри и да носи 5-10 килограми товар. Не е познато дали дронот е руски или украински. Неодамна,И романската војска пронајде остатоци од дрон на брегот на Дунав, за кој се верува дека бил од руско потекло.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата