Во близина на станицата во Виена, каде што наводно е видена Данка, живеат голем број Романци

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во близина на станицата во Виена, каде што наводно е видена Данка, живеат голем број Романци

Екипата на Телеграф денеска ја посети трамвајската станица во Виена, каде наводно е снмено споменатото видео.

Во Виена веќе на големо се зборува за мала Данка од Србија која наводно во овој град била видена во придружба на две Романки.

Еден човек родум од Виена за Телеграф изјавил дека има три главни трамвајски линии.

„Многу Романци живеат во делот од градот каде што е станицата Хелигенштад“, рече тој.

Оваа станица е оддалечена четири станици од онаа каде наводно била снимено девојчето, за кое се сомневаат дека е Данка Илиќ.

Кога му спомнавме дека наводно станува збор за Романки, ни кажа дека во Виена најчесто се „поврзани со криминални активности“.

„Дури и овде во Виена има тренд на исчезнување на луѓе. Токму сега, додека јас и ти разговараме, можеби некој исчезнал“,рече тој.

Трамвајската станица Шотенринг е многу прометна во Виена бидејќи е веднаш над метро станицата, па многу луѓе се минуваат од таму.

Репортерот на Телеграф наведува дека овој дел од градот е многу раздвижен и дека има многу сообраќај, како и безбедносни камери кои можеби успеале да снимат две жени со девојчето која наводно наликува на Данка.

Да потсетиме, потрагата по Данка влезе во осмиот ден, а од утрово бројни полициски екипи повторно вршат претреси на подрачјето на Бор и Бањско Поље, каде што последен пат е видена Данка.

Двегодишната Данка Илиќ исчезнала во вторникот околу 13:45 часот, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и коса врзана во опавче.

Системот „Најди ме“ е активиран за прв пат во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата