Во близина на Пелопонез спасени 78 мигранти

15.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во близина на Пелопонез спасени 78 мигранти

Во морскиот дел јужно од грчкиот полуостров Пелопонез биле спасени 78 мигранти, меѓу кои и 29 деца и безбедно пренесени на копно, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, вчера наутро биле информирани за едрилица што се наоѓа во тешка положба во морскиот дел на 32,6 наутички милји југозападно од малиот остров Схиза, а танкер што пловел во близина под знаме на Малта ја лоцирал едрилицата и ги презел мигрантите.

Во придружба на патролен чамец на крајбрежната служба, танкерот испловил кон заливот Наварино и оттаму со помош на два патничко-туристички чамци лицата безбедно стигнале на копно.

Спасени биле 39 мажи, 10 жени и 29 деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата