Во близина на брегот на Албанија се појави едно од назагрозените животни на светот (ВИДЕО)

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во близина на брегот на Албанија се појави едно од назагрозените животни на светот (ВИДЕО)

Се наведува дека се работи за еден од „најзагрозените видови цицачи во светот“, кој е во опасност од исчезнување.

Се кријат во пештери.

Доколку не сте го препознале, ќе ви откриеме дека камерата „уловила“ медитеранска фока (Monachus monachus) од семејството фоки, објави Телеграф.

Порано беа вообичаени во Медитеранот, но речиси исчезнаа благодарение на луѓето.

На страницата „Подгорица времеплов“ пишува дека животното преживува во мирни, скриени пештери, но им се заканува бетонирањето на бреговите, прекумерен риболов и немири.

„Секоја информација е важна“

„Внимателно погледнете го видеото и доколку видите фока на нашето крајбрежје, контактирајте нѐ. Секоја информација за нивното присуство во нашето море е од големо значење за преземање конкретни активности за заштита“, се нагласува.

Корисниците биле воодушевени од глетката, а многумина истакнале дека е потребно фоките да се држат подалеку од луѓето и на тој начин да се заштитат од исчезнување.

„Таа е радост за гледање“, напишало едно лице.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата