Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште- свлечиште затрупа нов автопат (ВИДЕО)

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште- свлечиште затрупа нов автопат (ВИДЕО)

Министерот за одбрана, Пиро Венгу, од Мобилниот центар за цивилни вонредни состојби при Националната агенција за цивилни вонредни состојби на Албанија, го објави прелиминарниот преглед на ситуацијата.

-До сега најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, каде што високите речни текови и обилните врнежи предизвикаа бројни тешкотии на терен. Масовни евакуации, немаме, туку само привремени во неколку општини и тоа 52 семејства евакуирани се во Валона, 18 семејства во регионот Корча, по неколку семејства во останати делови на земјата, изјави Венгу.

Тој додаде дека во Лежа евидентирани се 600 поплавени домови, во Корча, 300, во Валона 52 и 25 домови во Фиер. Регистрана е и една жртва од поплавите во село кај Девол.

Покрај тоа, околу 20 мостови се оштетени, како и нова делница на автопат, објави Топ Ченел. 

-Стратегијата на институциите за итни случаи е фокусирана на предупредување, превенција и поддршка на жителите, спречувајќи го влошувањето на ситуацијата во областите најизложени на ризик. Управувањето со каскадата на Дрим, каде се трите најзначајни хидроелектрани, е клучно за да се избегне потенцијално катастрофална ситуација во Скадар, и покрај големите странични текови, посочи Венгу.

Во операциите за спасување и евакуација, дистрибуција на храна и зајакнување на насипите и браните, активно е вклучена и албанската армија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата