Влада на Србија: Зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште

1.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влада на Србија: Зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште

За учениците кои сакаат да го сторат тоа, училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни. Сите ученици кои не се задоволни од своите резултати ќе имаат можност да ги подобрат оценките на нивно лично барање до 20 јуни.

Објектот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик изврши масовно убиство на 3 мај, ќе остане училиште, соопшти Владата. Тој објект ќе се реконструира и ќе се уреди „спомен дел во знак на децата и училишниот чувар, кои секојдневно покажуваа исклучителност во тоа училиште“, се вели во соопштението.

Владата на Србија соопшти дека со вонреден инспекциски надзор во тоа училиште биле потврдени сознанијата на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа дека „во тоа училиште немало врсничко насилство во однос на малолетникот К.К“, сторител на убиството. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата