Видео: Тензично во албанскиот Парламент, навреди, турканици, запалени столчиња

30.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Тензично во албанскиот Парламент, навреди, турканици, запалени столчиња

Тензичната ситуација почна на самиот почеток кога Спиропали побара да му се одземе мандатот и од Централната изборна комисија да се побара замена за пратеникот Ервин Салињани, кој во моментот е на издржување затворска казна.

Веднаш потоа демократските пратеници ја блокираа собраниската говорница, фрлаа со разнк предмети кон Спиропали, упатуваа навреди, дури и кон обезбедувањето, во што предничеше Фљамур Нока, инаку и генерален секретар на партијата, кој сакаше физички да се пресмета со социјалистот Петро Кочи. 

Демократите ги извадоа столчињата на кои седат во салата, пред собраниската зграда, ги полеаја со бензин и ги запалија.

- Сцената прикажана на денешната пленарна седница, со блокирана говорница и запалени столчиња, ќе биде таа што секојдневно ќе го придружува Собранието. Техничката влада е решението Албанија да оди напред и да спроведе  слободни избори, изјави Нока по седницата.

Ваква тензична атмосфера во албанскиот законодавен дом не се новина. Претходно речиси цела година седниците беа прекинувани по само десеттина минути од почетокот и во хаос изгласувани документи само со гласовите на владејачкото мнозинство. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата