Верниците во Црна Гора го сменија митрополитот, тој одбива да се повлече: Одлуката е неважечка

3.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Верниците во Црна Гора го сменија митрополитот, тој одбива да се повлече: Одлуката е неважечка

Епископот Острошко-Никшиќки Борис го прогласиле за митрополитот на Црногорската православна црква (ЦПЦ).

Митрополитот Михаило го нарече овој собир „пропаднат политички собир“ кој нема „ниту легитимитет, ниту законитост“ и најави контрамерки на „правно неважечката“ одлука.

Новиот митрополит на ЦПЦ Борис рече дека соборот е свикан на барање на свештениците и верниците на Црногорската православна црква.

„Користејќи ја напредната возраст на поглаварот на Црквата, митрополитот Михаило, управата на Црквата ја презедоа неовластени граѓански лица“, соопшти организацискиот одбор, кој посочи дека ЦПЦ е во „исклучително тешка ситуација“ и дека црковниот устав не бил на сила и дека синодот не заседавал во полн состав од 2019 година.

Одлучено е и досегашниот поглавар Михаило, да се пензионира поради старост со звање пензиониран митрополит Црногорски.

Медиумите во Подгорица потсетуваат дека последниве месеци меѓу Борис и Михаило се разменуваат сериозни обвинувања, најмногу поврзани со наводни финансиски малверзации, но и за непочитување на правилата на свештеничкиот живот.

Црногорската православна црква тврди дека тие се наследници на историската православна црква во Црна Гора и сметаат дека црквите и манастирите во таа земја ѝ припаѓаат и дека Српската православна црква во Црна Гора ги „окупирала“ нејзините верски објекти.

Исто така, верниците од тие две православни цркви со години ги прославуваат верските празници во посебни церемонии, често со присуство на голем број полицајци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата