Условно е ослободен Гркот- градоначалник во Албанија, кој стана грчки европратеник

2.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Условно е ослободен Гркот- градоначалник во Албанија, кој стана грчки европратеник

Фредис Белерис беше ослободен откако судот во градот Фиер, 100 километри јужно од главниот град Тирана, го прифати неговото барање за условно ослободување шест недели пред истекот на двегодишната затворска казна, објави АП, повикувајќи се на плановите за прослава во неговиот роден град да го одбележи неговото ослободување од затвор.

Белерис (51) беше уапсен на 14 мај 2023 година во Химаре, град населен со етнички Грци, крајбрежна област со растечки туристички потенцијал, само два дена пред општинските избори.

Тој беше обвинет и осуден дека дал поткуп од околу 40.000 албански леки (360 евра, 390 долари) за да купи осум гласови.

Случајот против Белерис ги влоши односите меѓу Тирана и Атина, при што Грција се закани дека ќе го блокира пристапот на Албанија во Европската унија, а и Белерис и грчките власти се согласуваат дека неговата пресуда е политички мотивирана. Во меѓувреме тој стана европартеник од владејачката грчка партија Неа Демократиа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата