Уапсен министерот за безбедност на БиХ, Нешиќ поради корупција

26.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен министерот за безбедност на БиХ, Нешиќ поради корупција

Обвинителството на БиХ заедно со Управата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска нареди апсење на Нешиќ, како и на директорот на „ЈП Патишта РС“, Милан Дакиќ, на Младен Лучиќ и уште четири лица.

- Тие се осомничени дека како управители на „ЈП Патишта РС“ и лица кои работеле со наведената фирма сториле кривични дела – здружување заради извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп, се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата