Турската полиција уапси 62 лица под сомнение за измами со гатање

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турската полиција уапси 62 лица под сомнение за измами со гатање

Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти преку интернет.

Во истовремени операции спроведени во 29 окрузи, 62 лица се задржани за вршење измама со искористување на религиозните чувства на граѓаните преку платформи на социјалните мрежи, пишува турското издание „Хуриет тудеј“.

При извршените претреси на адресите се запленети 2 ПОС уреди, 62 мобилни телефони, 73 СИМ-картички, 2 ССД-картички, 3 лаптопи, 4 десктоп компјутери и голем број документи, визуелни и дигитални материјали.

Локалниот дневен весник „Сабах“ јави дека жртви на групата биле стотици луѓе.

Гатањето е широко распространето во Турција, а властите редовно ги предупредуваат граѓаните за измами. Локалните медиуми исто така потсетуваат дека во јули две популарни интернет страници за гатачи беа истражувани за измама и нивниот основач беше уапсен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата