Туристи скокале од 17 метри висока карпа на Јадранот- е ден е тешко повреден, го спасуваат со хеликоптер (ВИДЕО)

24.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Туристи скокале од 17 метри висока карпа на Јадранот- е ден е тешко повреден, го спасуваат со хеликоптер (ВИДЕО)

За да му се пружи итна помош на непристапниот терен, хеликоптер на брза помош слета на плажата со прецизен маневар, објавува „Нови лист“.

Скокнал од карпата неколку пати

Повредениот Германец е префрлен во болница со хеликоптер и, според достапните информации, неговиот живот е надвор од опасност.

Сведоци за „Нови лист“ изјавиле дека туристот го поминувал денот во Брсеч во друштво на околу 15 негови пријатели, германски мотоциклисти. Во еден момент, петмина од нив решиле да скокнат во морето од Лозаровската ступа, карпа висока 17 метри.

Првиот пат скокот поминал без проблем, но кога туристите отишле да скокнат по втор пат, еден од нив бил повреден.

Со брза интервенција на службите за итни случаи, тој бил спасен и префрлен во болница на лекување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата