Турист каснат од кафеав пајак почина во Грција

9.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турист каснат од кафеав пајак почина во Грција

Локалните медиуми јавуваат дека 48-годишникот, минатиот вторник попладне дошол во болница со ужасни болки во ногата, но дотогаш не сфатил дека се работи за каснување. Претходно бил прегледан од приватен ортопед кој веднаш го испратил во болница.

Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна, тој развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.

– И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да издржи. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу – велат од болницата.

Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор во Грција бил каснат високо кај бутот од ногата, но не забележал кога бил каснат.

– Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето – велат од болницата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата