ЦЕЛА НАСЕЛБА СРУШЕНА  КАКО КУЛА ОД КАРТИ Зградите паѓаа една по друга… (видео)

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕЛА НАСЕЛБА СРУШЕНА  КАКО КУЛА ОД КАРТИ Зградите паѓаа една по друга… (видео)

Девет станбени згради оштетени за време на земјотресот се урнати со експлозив во турскиот град Малатија.

За уривање на 15-катниот солитер биле употребени 1.660 килограми експлозив во 30.000 капсули. Пред тоа спроведени се сите неопходни безбедносни мерки.

На видеата се гледа како солитерите, тешко оштетени и евакуирани по земјотресот на 6 февруари, паднале за неколку секунди по експлозијата.

Зградите паѓаат една по друга, а потоа голем облак чад се издигна над целата област.

Да потсетиме, силните земјотреси го уништија југоисточниот дел на земјата во февруари, убивајќи повеќе од 50.000 луѓе, додека штетата била проценета на повеќе од 100 милијарди долари, според Ројтерс.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција и северозападна Сирија. Според USGS, катастрофалниот земјотрес се случил во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.

Земјотресот бил почувствуван и на Кипар и Либан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата