Трагедија во Црна Гора:Намерно слетал со автомобил во Морача,внатре бил неговиот 6- годишен син

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Црна Гора:Намерно слетал со автомобил во Морача,внатре бил неговиот 6- годишен син

Полицијата соопшти дека станува збор за А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син К.Ѓ., објавија подгоричките медиуми.

Несреќата се случила во 13 часот и 20 минути.

Според „Вијести“, тие биле во возилото „голф 4“ кое околу 13 часот и 20 минути слетало во Морача во близина на Кривиот мост.

Центарот за оперативни комуникации (ЦОК) на Полициската управа соопшти дека во 13 часот и 20 минути во близина на Криви мост од засега непознати причини возило слетало во Морача од кое биле извлечени телата на А.Ѓ. (36) и К.Ѓ. (6).

Првите податоци од полицијата, а врз основа на изјавите на сведоците на трагедијата велат дека најверојатно се работи за самоубиство.

Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ од правец на Делта најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа наеднаш нагазил и со полна брзина слетал во Морача.

Полицијата приведе еден сведок кој наводно го видел возачот како се качува по тротоарот со својот автомобил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата