Трагедија во Грција: Двегодишно девојче се задавило од суфлаки, му немало спас

25.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Грција: Двегодишно девојче се задавило од суфлаки, му немало спас

Трагедијата се случила синоќа во Ираклион во вечерните часови. Според локалните медиуми, девојчето имало само 20 месеци.

Девојчето било со членовите на своето семејство во времето на трагедијата, кои веднаш реагирале и го однеле детето во болница.

За жал, детето пристигнало предоцна.

Според гувернерот на овој регион на Крит, лекарите успеале да го извлечат парчето суфлаки што било заглавено во душникот на девојчето, но детето не покажувало знаци на живот. Лекарите се обидувале да го реанимираат детето повеќе од еден час, но без успех.

Во овој момент не е познато дали девојчето било странски државјанин или нејзините родители се од Грција. Исто така, не е објавено дали трагедијата се случила додека семејството било дома или во угостителски објект.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата