Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

16.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата