Течат подготовките за вечерашниот собир во Белград

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Течат подготовките за вечерашниот собир во Белград

Стотици автобуси од утрината пристигнуваат пред Собранието од сите страни на земјата, вклучително и од Косово, Република Српска, Македонија. Прв пристигна конвојот од стотици автобуси од Северно Косово. 

-Одиме на собирот за поддршка на Вучиќ. Тој собир е поддршка на Косово и опстанокот на Србите на Косово. , вели жител на Северна Митровица

-Ја поддржуваме неговата политика, зашто да не беше тој, немаше да останеме тука на Косово и Метохија. , вели жител на Северна Митровица

Пред нив, пристигна и група момчиња од Косово кои пеш со транспаренти дојдоа во Белград.

-Јас не би издржал ниту километар и пол, а тие издржаа повеќе од 300 километри. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Поддршка на Вучиќ на собирот насловен „Србија на надежта“ пристигнува и до Македонија. „Многу не има, во голем број се упатуваме кон Белград“, порачаа од здружението Мир, слога и стабилност на социјалните мрежи додека во Србија трае дебатата дали митингот е собир за обединување, како што е официјално најавен или контраминтиг на опозициските протести, на кои во три наврати се собраа десетици илјади луѓе. Провладините медиуми пресметаа дека вечерва се очекуваат над 200 илјади. Дел од синдикатите и опозицијата обвинуваат за невиден притисок врз јавната администрација, особено врз просветните работници.

-Тоа се луѓе кои се вработени на определено време и кои имаат договори до 31 август. Тоа е еден сериозен механизам на притисок врз вработените кој трае неколку години, вели Душан Кокот, независен Синдикат на просветни работници (за Ал Џезира Балканс)

-Ги повикувам уште еднаш сите кои се уценети да не доаѓаат, не ни се потребни уценети луѓе. , претседател на Србија

На митингот ќе има и статисти, кои како што тврди опозициска советничка за Ал Џезира, луѓе се регрутираат преку вибер групи за одредена надокнада.

-Ми рекоа дека ќе добијам инструкции како ќе се доближува настанот и дека исплатата е на самото место, односно 1.500 динари. , вели Нина Грбовиќ Движење за слобода на граѓаните

-Ги повикувам уште еднаш сите кои се уценети да не доаѓаат, не ни се потребни уценети луѓе. , вели Александар Вучиќ

Освен Вучиќ, според српските медиуми, на собирот обраќање ќе има и шефот на дипломатијата Дачиќ, неговиот унгарски колега Петер Сијарто и претседателот на Република Српска, Додик. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата