Говорејќи за грчката телевизија „Опен“, Пиеракакис рече дека конкретната мерка воведена за првпат оваа година е целосно поддржана како од професорите и наставниците, така и од родителите на учениците.
-Според едно истражување 86 отсто од јавното мислење ја поддржува мерката. Во пракса, мерката ја прифатија и просветните работници, затоа и е успешна, ја прифатија и професорите и наставниците и родителите, истакна Пиеракис.
Во однос на изречените над 10.000 суспензии, посочи дека тоа „не е доказ за успешност, туку доказ дека мерката се спроведува“, а главната цел е заштита на децата.
На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.