Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад

Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад и од Ниш.

Студентите кои ги блокираат факултетите во Нови Сад ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на денешниот митинг на Плоштадот Слобода, каде ќе им оддадат почит на трагично загинатите во Кочани. Оддавањето почит ќе биде во 18 часот.

„Во тишина и заедништво ќе запалиме свеќи и ќе положиме цвеќе во знак на сеќавање“, наведоа новосадските студенти.

Претходно денеска студентите протестираа пред градското собрание и развирија транспарент на кој пишуваше „Седница на ден на жалост“, по што положија венец за загинатите во Кочани.

Денеска во Србија е Ден на жалост поради пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата