Столтенберг во придружба на обезбедувањето, поточно 10 возила со придружба го напушти аеродромот и се упати кон хотелот во кој ќе престојува, а како што претходно соопштија од седиштето на НАТО, предвидено е генералниот секретар вечерва да се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, пренесе Кликс.ба.
Шефот на НАТО утре ќе продолжи со бројни активности во главниот град на Босна и Херцеговина, а предвидено е да се сретне и со претседавачот на Советот на министри, Борјана Кришта, а во текот на денот и со високиот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.
Попладневните часови се резервирани за одење во базата на НАТО во Бутмир, каде Столтенберг ќе одржи средба со воени и меѓународни претставници. Ова воедно е прва официјална посета на Столтенберг на Босна и Херцеговина.
Покрај БиХ, Столтенберг во наредните денови треба да посети и други земји од Западен Балкан, а по Сараево ќе отпатува за Косово, каде ќе се сретне со премиерот Албин Курти и со претседателката Вјоса Османи.
По Косово, Столтенберг во Белград ќе има средба со Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ, а ќе ја заокружи посетата во Македонија, каде што е предвидена средба со претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски.