Српскиот премиер во оставка ги покани демонстрантите на разговор

15.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српскиот премиер во оставка ги покани демонстрантите на разговор

На целодневната блокада во Крагуевац ќе бидат организирани бројни настани од изложби, спортски активности до собирање донации.

 Во меѓувреме, српскиот премиер во заминување Милош Вучевиќ денеска ги повика студентите кои се излезени на блокадите, професорите, деканите, ректорите, да одредат свои претставници и да седнат на разговори со владата, со претседателот на државата, истакнувајќи дека имаат „апсолутно отворена покана“ да го сторат тоа кога сакаат и на која било тема.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата