Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставка

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставка

Како што пренсео српските медиуми, во текстот на оставката испратена до српскиот премиер Милош Вучевиќ, Момировиќ наведува дека поднесува оставка од функцијата министер за внатрешна и надворешна трговија и дека му е благодарен на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за довербата и наградата. Како што изјави Момировиќ, „тој е секогаш тука за него и за Србија“.

Пред Момировиќ, на 5 ноември, оставка поднесе Горан Весиќ од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија, поради притисокот на јавноста по уривањето на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад,  кога загинаа 14 лица, а еден им подлегна на повредите. Уште две лица се во болница во тешка состојба.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека „уште утре“ се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата