Српски јавен обвинител бара да се идентификуваат креаторите на објавата со закани кон Вучиќ

25.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српски јавен обвинител бара да се идентификуваат креаторите на објавата со закани кон Вучиќ

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, ја изрази својата загриженост за последните смртни закани упатени до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, преку социјалната мрежа Х и нареди итна идентификација и гонење на креаторите на таа објава, соопштија од обвинителството.

Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на ВЈТ во Белград, по налог на Стефановиќ, испратило барање до полицијата да ги собере потребните информации во врска со таа објава. Во неа е објавена фотографија од Вучиќ на бесилка со пораката дека „само народен суд ќе ја спаси Србија“, соопшти обвинителството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата