Весиќ беше уапсен на 21 ноември со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на настрешницата загинаа 15 лица.
На 23 ноември, Вишиот суд во Нови Сад на Весиќ и на поранешниот директор на железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан им одреди притвор до 30 дена, додека куќен притвор со електронски мониторинг добија директорката на Инфраструктура на железници на Србија во оставка, Јелена Танасковиќ и помошникот министер за железнички транспорт Анита Димовски.
Тие се приведени поради вознемирување на јавноста, а се сомничат за сторено кривично дело тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.
Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември околу пладне, при што на лице место загинаа 14 лица, додека други тројца беа повредени.
Една девојка која била повредена, 17 дена по несреќата им подлегна на повредите во болница.