Двете земји заеднички ќе настапат пред Европската комисија и ќе побараат средства од дополнителниот фонд за развој на Западен Балкан за реконструкција на пругата меѓу Белград и Бар, јави дописникот на МИА од Белград.
-Сакаме пругата меѓу Белград и Бар да се финансира преку планот за раст на Западен Балкан. За нас во Србија таа е најприоритетна железница. После тоа доаѓа пругата помеѓу Брестовац и Прешево до Скопје, рече вчера Весиќ.
Тој додаде дека со потпретседателот на Владата на Црна Гора Милун Зоговиќ и со министерката за транспорт Маја Вукиќевиќ разговарал и за завршување на изградбата на автопатот кон Црна Гора.
-Се разговараше за можноста двете земји да настапат заедно и да се обидат да најдат партнер кој би ги изградил српските 108 километри и црногорските 50 километри, изјави Весиќ напоменувајќи дека вака се работи со Владата на Македонија за железничката пруга, се наведува во соопштението на министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура./MИА