Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Миконос откако се преврти чамец со мигранти

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Миконос откако се преврти чамец со мигранти

 Две лица се спасени, откако се превртил чамец со мигранти во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, а според портпаролот на грчката крајбрежна служба на Грција Никос Кокалос, спасените изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина. 

Кокалос за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода, за евентуално пронаоѓање на исчезнатите.

Преку европскиот број за итни случаи 112 крајбрежната служба била информирана дека се превртил чамец по што почнала спасувачката акција и биле откриени две лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата