Според министерот за одбрана, еден од нив не е во добра здравствена состојба, за чиј транспорт до Тирана, бидејќи по копнен пат бил невозможен, ангажиран е хеликоптерот за цивилна итна помош ЕЦ 135.
Пелеши напиша дека нивното спасување вчера се случило благодарение на интервенцијата на албанските вооружени сили и хеликоптер со кој биле извлечени туристите.
Тој ги повика туристите и љубителите на природата да избегнуваат непознати и тешки области и терени.
- Вооружените сили се и ќе продолжат да бидат подготвени за секоја потреба што ја има заедницата, но ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да ги истражуваат убавините на земјата, особено туристите да бидат внимателни во текот на летната сезона, да избегнуваат вакви ситуации, подрачја со непознат и тежок терен, апелира Пелеши, објавувајќи видео од акцијата за спасување на туристите./МИА