Спајиќ задоцнил 4 минути на средбата со претседателот на Бугарија, Радев ја напуштил Владата

18.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спајиќ задоцнил 4 минути на средбата со претседателот на Бугарија, Радев ја напуштил Владата

Откажана е средбата меѓу премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и претседателот на Бугарија Румен Радев. Како што соопштија за „Вијести“ од Владата, договорената средба меѓу Спајиќ и претседателот на Бугарија во зградата на Владата доцнела, поради што делегацијата предводена од Радев ја напуштила зградата по четири минути чекање.

– Со амбасадата на Бугарија беше договорено средбата да се одржи во приемната сала во Владата во 17 часот, бидејќи премиерот Милојко Спајиќ имаше голема желба да се сретне со претседателот Радев и покрај набиената агенда. Претходната средба на премиерот со германската  компанија траела три минути подолго од планираното, а делегацијата на претседателот на Бугарија Румен Радев по четири минути чекање ја напуштила зградата на Владата – изјавија за „Вијести“ од Владата. Од владата дополнително за „Вијести“ објаснуваат дека средбата требало да се одржи во истата сала каде што се одржала средбата со претставниците на компанијата  и дека причината за нејзиното одложување е тоа што просторот треба да се подготви за нова средба. Домаќин на посетата на претседателот на Бугарија е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата